Што ја чека сега ракометна Македонија?

Македонската ракометна селекција забележа убава победа за крај на Евро 2024. Триумфот против Швајцарија во последното коло од групната фаза е важен од неколку причини.

Македонија успеа после долго време да победи на еден од големите ракометни собири после серија порази и нерешени средби во последните три години.

Последен триумф на еден голем настан имавме против Чиле на Мундијалот 2021-ва година, па затоа синоќешното славје против Швајцарците е до толку поголемо што ни обезбеди и важно место меѓу носителите во баражот за Светско првенство 2025-та.

Домаќини на тој Мундијал ќе бидат Хрватска, Норвешка и Данска од 27 ноември до 14 декември 2025-та, но претходно ќе се одиграат европските баражи. Хрватска по втор пат ќе биде домаќин на еден Мундијал, Данска по трет пат а Норвешка за првпат.

Македонија со победата над Швајцарија влезе во групата носители што значи дека во бараж двомечот за пласман на Светско ќе избегне селекции како Шпанија, Црна Гора, Полска, Чешка и други силни ракометни репрезентации со кои тешко би било да се излезе на крај.

Ждрепката за баражот е предвидена за март месец а натпреварите би се играле или кон крајот на април или на почеток на мај годинава.

Македонија може да падне со:

Учесниците на Евро 2024:

Грузијa
Србија
Фарски Острови
Швајцарија
Романија
Грција
БиХ

Од регуларните квалификации:

Белгија/Италија
Естонија/Украина
Финска/Литванија
Словачка/Луксембург/Израел

Победа на Македонија за крај на Европското

Сите голови на Марко Митев, најсветлата точка на ракометна Македонија

17 јануари 2024 - 10:06