Отворено Европското првенство во Скопје, Македонија поразена од Франција

По долга децениска пауза, женската македонска ракометна репрезентација се врати на голема сцена - Европско првенство чиј домаќин е и Словенија и Црна Гора. На стартот нашите девојки немоќни против силната Франција 24:14 (12:5).

Ракометарките на Франција важат за едни од најсилните на светот со редовни учества на завршниците на големите натпреварувања.

Тоа вечерва пред околу 2.500 гледачи го докажаа и на отворањето на големото Европско првенство во Скопје.

Французинките почнаа со страшна серија од 0:5 а нашите девојки тремата ја скршија дури после 16 минути игра кога Јована Кипријановска го постигна првиот гол за нашиот состав.

оа како да ги опушти нашите репрезентативки па резултатски парираа колку што дозволуваше силниот ривал. Во еден момент со погодоците на Симона Стојковска и Моника Јанеска се вративме на 3:6 но повторните технички грешки и празни напади и овозможија на Франција да направи нова серија од 0:5 и да избега на 11:3.

На паузата се отиде со 12:5, а овие пет гола за Македонија се негативен рекорд на еден голем турнир.

Со головите на Тобланк и Хорачек во вториот дел Франција силно и решително тргна кон убедлив триумф и во 39-та минута имаа +9.

Во тој период Јована Саздовска беше наша единствена ракометарка со повеќе од еден погодк, а следеа голови и од Ристовска и Маџовска за 20-10 во 47' минута.

Убедливата предност му овозможи на селекторот на Франција Крумболц да им даде шанса и на резервните ракометарки кои не наидоа на преголем отпор од нашиот состав.

На крајот конечни 24-14 за Французинките кои се најголем фаворит за прво место во групата но и за самата завршница.

Најефикасни ракометарки кај Македонија беа Јаневска со четири, Саздовска и Ристовска дадоа по три гола, а кај Франција Ласур и Тобланк запишаа четири гола, а три пати прецизни беа Заади и Хорачек.

Што се однесува до голманките Мицевска и Дарле на другата страна имаа по девет интервенции.

Во понеделник Македонија игра против Холандија од 18:00 часот а Франција со Романија.

Фото: Фејсбук страница на Македонска ракометна федерација

5 ноември 2022 - 20:25