Никому нема да му биде лесно против Македонија

Момците што се селектирани ќе „гинат“, и за себе но и за државата, оваа Македонија е сериозно уиграна, има одлична транзиција. Одбраната е клучен сегмент, дополнета со суперискусниот Митревски на голот, дополнет со двоецот од Алкалоид, Кизиќ и Галевски. Клучен затоа што од нејзината успешност ќе зависи колку и во која мера ќе имаме шанса да ја користиме транзицијата, како главно оружје.

Никому нема да му биде лесно против оваа Македонија. Затоа што, според мене, момците што се селектирани ќе „гинат“, и за себе но и за државата, оваа Македонија е сериозно уиграна, има одлична транзиција, „јунаци“ за делот во зоната, голмани што одлично се дополнуваат, играчи што уште не постигнале цена и не се етаблирале во светот на ракометот и тактички (барем од она што го видовме со Хрватска) е добро поставена. Секако дека има и свој лимит, но важно е дека оваа Македонија има и глава и опаш!

Во ситуација кога јавноста е малку збунета, затоа што раководството на матичната федерација „бара“ три победи (во двете фази се разбира), а селекторот „смирува“ и нѐ става во ситуација да сме под прашалник за втора рунда, треба да се биде реален и да се остават Унгарија и Холандија да уживаат во улогата на фаворити.

Мојот личен став го кажав погоре, иако секако шансите во првите два дуела, како процент на веројатност, налегнуваат на страна на противникот. Накратко, ниту Унгарија ниту Холандија можат да сметаат на сигурни бодови со нас, а ниту ние, доколку не сме на ниво, може да сметаме на успех, против која било селекција на ова СП, па таа се викала Гвинеја и првпат била на еден мундијал.

Унгарија, земјата што многу години инвестира огромни средства во спортот, кој како ретко каде е пред неговото величество фудбалот, земја што многу години очекува медал со машкиот национален тим или титула со еден од двата високобуџетни клуба, која има огромна база на навивачи, „жедни и гладни“ за успех, е нашиот прв противник на претстојното СП.

Одбраната е клучен сегмент, дополнета со суперискусниот Митревски на голот, дополнет со двоецот од Алкалоид, Кизиќ и Галевски. Клучен затоа што од нејзината успешност ќе зависи колку и во која мера ќе имаме шанса да ја користиме транзицијата, како главно оружје, да им „трчаме во грб“ на Бодо, Анчин, Жита, да не дозволиме измена на Банхиди да има директни „контри“ за близнакот и Костески, да му дадеме на Фитиљ да ја одигра својата индивидуална полуконтра на врвно ниво… да постигнеме 7, 8 или 10 погодоци од таа транзиција, како би сметале на бројка од 30 гола, доволна за бод или два.

Целата колумна на Горан Ѓоргоноски ја имате тука.

15 јануари 2025 - 15:23