Мајстор Кире Лазаров на 41 година пука со цепелини во Франција
Влезе во години кога е најтешко да се опстои физички и да се држи форма, стана селектор, ама уште не се дава и дели лекции. Атракцијата на македонската ракометна икона од мечот меѓу Нант и Лимож, му ја сместија во листата на топ 5 голови на колото во францускиот шампионат.