Имаше ли пенал во последниот напад за Вардар?

Пелистер направи одлична увертира пред стартот на новата сезона каде ќе игра во Лига на шампиони и Суперлига, како и во македонскиот Куп откако во Суперкупот го совлада Вардар 1961 со 28-27. Вечните ривали пред полни трибини во салата „Јасмин“ во Кавадарци постојано се менуваа во водство. Битолчани во вториот дел го презедоа кормилото и водеа до крајот. Црвено-црните се вратија резултатски но не израмнија во финишот.

Во последниот напад Филип Талески се обиде да тргне во контроа но го спречи Дејан Манасков. Вардарци бараа прекршок и пенал, но судиите Начевски и Божиновски по прегледување ВАР решија дека елементи за фаул и Пелистер почна со славје на триумфот.

 

Ова е трет пехар во Суперкупот за Пелистерци во клупската историја. Имено Битолчани по четврти пат по ред го победија Вардар 1961 а втор пат по ред на официјален натпревар. Најефикасен кај шампионот беше Хосни со осум гола а кај Вардар Јапонецот Кавада со шест.

Јунак на мечот за Пелистер беше младиот голман Давид Брестовац кој правеше чуда на голот и имаше шест одбранети удари кон својот гол од кои некои беа зицери.

4 септември 2025 - 11:53