Во директниот дуел кој решаваше која репрезентација од оваа група заедно со Данска ќе оди во полуфинале, Германците во целост ја надиграа Франција која беше фаворит и ја оставија не само без завршница, туку и без директен пласман на Светско првенство што значи дека ќе мораат во квалификации.
Јури Кнор беше лидер на Германија која уште од рана фаза на дуелот поведе со поголема предност и ја одржуваше постојано но во финишот Французите се вратија па имаше трилер завршница.
Јури Кнор на крај беше пресуден со 10 погодоци а Дика Мем даде 11 за триколорите.
Претходно Исланд ја совлада убедливо Словенија 39:31 (18:16) и обезбеди пласман во полуфинале на Европско првенство, прв за нив уште од 2010-та година и само трет пат во историјата.
Исланд и Словенија играа егал околу 34-35 минути кога Исланѓаните направија серија 6:1 и им избегаа на ривалите кои не можеа да ги стигнат. На крајот Исланд заслужено победи и ќе игра во полуфинале против еден од домаќините на Евро 2026, Данска.
Словенците за петто место ќе играат против домаќинот Шведска која убедливо ја совлада Швајцарија во последното коло.