Едуард Кокшаров беше на многу маки како да му се спротивстави на Талант Душебаев, бидејќи дел од клучните играчи поради повреда мораа да бидат само гледачи на овој тежок меч без фаворит.
Ова особено важи за шутерите Криштопанс и Дисингер кои многу фалеа на овој натпревар. Но и без нив, европскиот првак не само што се држеше одлично, туку имаше водство од 5 гола разлика во 15-та минута, а на полувреме водеше со 17:16.
Рускиот стратег се реши за 7:6 во напад, а тоа скапо го плати во вториот дел, откако вардарци претходно беа во фина позитива од 20:16. Пољаците врзаа серија на брзи погодоци додека голот беше празен и си ги зголемија шансите за победа.
И покрај тенката клупа и видливиот умор, Вардар не се даде и влезе во драматичен и неизвесен егал финиш. На 18 секунди до крај, гостите имаа златна шанса за победа, но Гебдан тоа не го дозволи и им овозможи на своите ракометари да бркаат дури и победа.
Скубе не успеа да реализицира и на крај резултатот беше 28:28.
Одлична партија на Алжирецот Калифа Гебдан кој собра 10 одбрани само во второто полувреме од вкупно 12. Најпрецизни беа Скубе со 7 и Чупиќ со 6 гола.
Вардар со 9 бода сега е втор со еден бод помалку од Кјелце и Веспрем, а лидер без пораз и со натпревар помалку и натаму е Кил кој има 11 бодови.
Следната сабота, европскиот првак му оди на мегдан на Кјелце.