„Од кога знам за себе играм ракомет, ракометот е мојот живот. Репрезентативниот дрес го носам 19 години и време да ставиме круна на се што постигнавме јас и моите другари од репрезентацијата изминативе десетина години. Пласманот на ОИ за нас како мала држава е многу повеќе од спорт, затоа треба да бидеме сплотени како никогаш до сега и да ја извојуваме најголемата победа во историјата на македонскиот екипен спорт. Јас лично би ги заменил сите 19 години кариера за пласманот во РИО", стои во изјавата на капитенот на Фејбсук профилот Handball Camp Kiril Lazarov 7 каде излезе и ова видео за дразнење пред вечерашниот меч со Полска од 20:30, составено од најдобрите моменти на нашите момци на ЕП 2016.