Македонската ракометна репрезентација славеше против Чиле во третиот квалификациски натпревар за Олимписките игри во Рио кој немаше никакво значење. Последен меч за Наумче Мојсоски и Ивица Обрван.
„Игравме к’о п**ки. Вака не се бранат боите на Македонија“, изјави Стоилов после мечот во кој Тунис ја победи Македонија 32:26 и најсликовито го објасни дебаклот на македонскиот репрезентативен ракомет вечерва во Полска.
Во борбата за грандиозниот спортски настан во Рио де Жанеиро летово, Македонија вечерва загуби во првото коло од Полска 25:20. Утре играме против Тунис, меч кој може да одговори на многу прашања околу пласманот на Олимписките Игри.
Полска, Тунис и Чиле е патот преку кој македонската ракометна репрезентација ќе брка историја за македонскиот ракомет, а тоа е пласман на ЛОИ во Рио. За подигнувањето на атмосферата и мотивацијата се погрижи Кире Лазаров.
Во петок, сабота и недела Македонија ќе игра против Полска, Тунис и Чиле. Пласман во Рио летово обезбедуваат првите две места. Полјаците како домаќини имаат предност, а Африканците ќе ни бидат директен ривал за место кое води на ОИ.