
Фото: Екипа.мк
Но наместо тоа натпреварот се одложи затоа што играчите на АЕК не излегоа на теренот поради тоа што нивните навивачи барале секој нивен член кој е тргнат за Скопје да влезе во салата.
Сега се чека официјалната одлука на Европската ракометна федерација (ЕХФ) за разврската на реваншот од финалето. РК Алкалоид повторно се огласи со соопштение денес упатено до сите присутни гледачи кои биле во салата:
„Жалиме што натпреварот не се одигра затоа што гостинскиот состав не сакаше да излезе на теренот и спортски да се бори за пехарот. Ви благодариме за безрезервната поддршка и што во голем број дојдовте да бидете со нас на чекор до историја“, се наведува во соопштението на клубот.
Од Алкaлoид информираат и дека сите билети за натпреварот ќе бидат рефундирани. За онлајн купените билети, повратот на средствата ќе се изврши автоматски во рок од 15 работни дена, додека за билетите купени на продажни места, враќањето на парите ќе се врши на истото место со приложување на фискална сметка и самиот билет.
„Се надеваме дека заедно ќе славиме нови успеси во иднина. Благодарност за континуираната поддршка и трпение“, порачуваат од клубот.“
Сопственикот на РК Алкалоид, Живко Мукаетов денес се огласи на својот Инстаграм профил. Тој пиша дека РК Алкалоид како клуб ги исполнил сите барања од надлежните авторитети.
„Oгромно БЛАГОДАРАМ од срце на сите кои дојдовте во СЦ Борис Трајковски да го бодрите РК Алкалоид кон историскиот успех.
Чесно, праведно, спортски и витешки пристапивме кон ова натпреварување, целосно. И клубот и прекрасната публика синоќа.
РК Алкалоид ги исполни сите барања на надлежните авторитети во поглед на сите организациски аспекти од синоќешниот настан, кој требаше да биде заокружување на една убава приказна во која е вложен многу труд, напор и ресурси.
Се надеваме на одлука според важечките спортски правилници на ЕХФ“, стои на Инстаграм профилот на Мукаетов.