Не е Германија, Полска, ниту Италија, туку француско првенство. Велодром викендов се претвори во вистинска убавина за гледање, а повод беше дербито меѓу Олимпик Марсеј и Лион кое заврши 2:1. Каква е оваа организација и реализација човече? Не една трибина, цел стадион блесна.
На 6 октомври 2002 година играле Самсунспор и Анкарагучу. Домаќинот водел 1-0, а гостите добиле пенал во 90' минута. Еден домашен навивач висел на кровот од трибината, сакал да влезе да се пресмета со судијата. Пеналот промашен, а царот при пад скршил нога и завршил во болница.
Феенорд од Ротердам играше против швајцарскиот клуб Јанг Бојс и мечот заврши 1:1. Од неодамна тренер на холандскиот тим е Дик (Dick) Адвокат, па навивачите на Феенорд невешто пробале да направат смешка на темата.
За време на мечот Манчестер Јунајтед - Партизан, познатиот српски актер Сергеј Трифуновиќ покажа дека освен за црно-белите, има симпатии и за Ливерпул, смртниот ривал на Јунајтед.
Поради казната од УЕФА, холандскиот шампион имаше забрана за организација на гостински навивачи за мечот со Челси во Лондон. Ама овие толку го сакаат клубот што не пропуштија прилика да одлетаат до Лондон и да се вртат околу „Стемфорд Бриџ“.
Во саботата вечер мароканските Раџа Казабланка и Видад се сретнаа во градското дерби на Казабланка. Ова е еден од најопасните натпревари на целиот континент Африка, а сигурно и пошироко.
Третолигашот Widzew Łódź (веројатно Видзев Лодз на нашки) синоќа во Купот на Полска ја пречека Легија од Варшава. Се држеа на 2:2 до 84-та и потоа загубија, а она што сакаме да ви го покажеме е нивната неверојатна навивачка армија. Какво е ова видео луѓе? Каква е оваа поддршка после пораз?
Навивачите на Динамо Дрезден направија вистинско шоу на мечот од германскиот Покал (Куп) против Херта на „Олимпискиот стадион“ во Берлин, каде дојдоа во бројка од преку 30.000 души, што е незапаметено.
На мечот Архус - Копенхаген (1:2) во данската Суперлига, домашните навивачи кренаа тн. „шеталица“, банер на кој беше претставен дневен престој со гарнитура и телевизор. На овој начин сакале да ги викнат сите „тастатура“ навивачи на стадион.
Седум години по ред, луѓе од шест држави организираат епски дружби за кои потоа се зборува со денови, а најубаво е да се доживеат на лице место. Овој пат беа собрани 400 фудбалски фанатици во Скопје, а ги спојува и поврзува нивниот омилен Ливерпул. Организаторот не може на себе да дојде од што е импресиониран.
Близу педесетина навивачи на Лацио, минатиот четврток гостуваа во Глазгов, каде нивниот тим играше против Селтик во Лига Европа. Додека оделе кон стадионот, марширале со римско салутирање познато како фашистички поздрав.
Macedonian Reds по втор пат беа домаќини на масовен регионален собир на навивачи на Ливерпул во Скопје, инаку вкупно 9-ти во екс ју земјите. Покрај другите активности, ја гледааа Ливерпул - Тотенхем, како реприза од финалето на ЛШ пред неколку месеци. Бајаги јако звучеа на химната.
За време на големото дерби меѓу трофејните Ритас и Жалгирис, дваесетина гостински навивачи дошле на трибината каде обично седи навивачката група на Ритас, но овојпат била празна поради бојкот кон управата. И толку требаше за неред.
Во ситуација кога повеќе од 100 сериозни фан клубови на Реал Мадрид од светот не можеле да стигнат до вредното парче хартија за натпреварот Галатасарај - Реал Мадрид во Лига на шампиони, македонската пења мадридиста добива 90 карти. Одат со два автобуси на гостување во Истанбул каде нивното знаме стои на ударно место од трибината.
Пред мечот со Селтик на „Хемпден Парк“, стотина најжестоки тифози на римски Лацио во кортео тргнале кон стадионот и вообичаено, со нацистички поздрав ја пееа “Ragazzi di Buda“ (песна за настаните во протестите во Будимпешта 1956 напишана од Италијанци во борбата против комунизмот).
УЕФА го казни словачкиот клуб Слован Братислава со забрана за гледачи, па во меѓувреме дозволи на стадионот да има деца до 14 години ама и гостински навивачи кои добија посебни, уникатни услови.
Скоро и да не постои човек на кој да му кажеш Ливерпул го тепаше Генк, утредента ќе биде сигурен дали Ливерпул го тепал Генк или Гент, па ќе потпраша. Ама тоа и не е толку голема штета ако се знае што им се случило на двајца скаузери.
Безброј пати сме утврдиле дека фудбалската страст на Суперкласико ги надминува сите граници на нормалата, но и покрај тоа што сме се изнагледале клипови и фотки од тоа чудо, не можеш бре да го рипнеш.
На еден навивач на Милан му скурчи, ама ептен, а и како нема кога место Милан да го шине Лече 5:0, прима гол во 92-ра и игра нерешено. Никако не може да се пронајдат, ни идентитетски, ни играчки, ни резултатски.
И покрај тоа што претседателот на Црногорската фудбалска федерација, легендарниот Дејан Савичевиќ пред мечот Косово - Црна Гора од квалификациите за Евро 2020, го посети гробот на некогашниот прв човек на фудбалскиот сојуз на Косово Фадиљ Вокри, и покрај тоа што Црна Гора меѓу првите го призна Косово како независна држава, сепак во Приштина им се исвирка химната на „соколите“.
Англиската фудбалска репрезентација со 6 гола во мрежата на Бугарија го трасираше патот кон Европско првенство 2020, но натпреварот ќе остане во сенка на она што англиските медиуми го најавуваа цел месец наназад.