Бразилските гиганти во полуфиналето ги урнаа вечните аргентински ривали Бока и Ривер.
Откако претходно Палмеирас го доби Ривер со убедливи 0-3 во Буенос Аирес, па дома драматично спаси глава после поразот во реваншот 0-2 и едвај се пласираше во финале, синоќа им се придружи и Сантос.
„Црно-белите“ прво одиграа 0-0 со Бока во Аргентина, а на реваншот со головите на Диего Питука, Сотелдо и Лукас Брага ги згазија ривалите со 3-0 и обезбедија финале - на 30 јануари на славната „Маракана“.
А навивачите на Сантос синоќа пред мечот сакаа да им покажат на гостите каде дошле, откако на теренот со мали падобранци испорачаа неколку бакљи:
¡ESTO ES LA #LIBERTADORES 🔥!
— DAZN España (@DAZN_ES) January 13, 2021
Los aficionados de Santos lanzaron bengalas al césped antes del partido contra Boca Juniors... ¡DESDE FUERA DEL ESTADIO Y EN PARACAÍDAS! 🪂 ¡Tremendo! 💥 pic.twitter.com/S6XHneVuwI