Кам бекот на англиските навивачи на трибините беше доживеан како спектакл на островот. Први ја имаа таа привилегија оние на Арсенал кои во редуцирана бројка од 2.000 ги бодреа на меч од ЛЕ. На социјалните мрежи споделуваа видеа од влезот и велат дека секој од нив добил аплауз.