Навивачи

Љубовта и верноста кон Лидс во една многу јака фотографија

Испаднаа пред 16 години, но излегоа со спремен банер дека ќе се вратат. Дојде 2020-та, а таткото, синот и ќерката го дочекаа моментот, се сликнаа во истите пози и станаа хит во градот. Какво трпение, доблест и љубов кон Лидс Јунајтед.

102 годишен навивач на Фламенго го победи Ковид и со песна ја напушти болницата

За Раимундо не важи тоа дека короната е најопасна кај постарите. Топ не го бие човекот, присутен на планетава еден век и кусур. Ја совлада и потоа отиде дома да гледа како неговите слават титула. Цел персонал го испрати царот.

Унион Берлин ќе тестира по 22.000 навивачи за да има публика на стадион

Додека во Шпанија, Англија и Италија се доигруваат фудбалските сезони, Германците веќе мислат на следната. Сега главен предизвик им е како да ги наполнат стадионите во 2020/2021.

Кај најде и ти пред базен да известуваш со ултраси?

Појма немаме што зборува, бидејќи се работи за португалски новинар, само знаеме дека тие позади него се навивачи на Порто, кои сакаа да му учинат на човекот да не му е топло.

Чиста 10-ка за гестот на навивачите на Бреша

Не смејат да одат на стадион, ама затоа им текна една паметна идеја. Се собраа пред болницата за да им се заблагодарат и да ги охрабрат сите медицински лица кои веќе 4 месеци и кусур се борат со вирусот кој го нападна светот. Бреша беше едно од најсилните жаришта во Италија.

Фештата на Комити за титулата број 12

И покрај тоа што нема да биде доделен пехар, сепак ФК Вардар е прогласен за шампион на сезоната 2019/2020 која беше предвремено прекината поради Ковид 19. Нивните најверни навивачи славјето го направија во Градски парк во нивни стил. Црвено црните завршија први со 10 бода предност пред Силекс.

Во 1989-та Ренџерс првпат потпишал играч католик и се кренало востание

Едно од најжестоките ривалства во светот на спортот е она меѓу фудбалските клубови Ренџерс и Селтик од Глазгов. Повеќе од 100 години нивните меѓусебни средби носат неверојатен набој и тензија каква ретко каде во светот има. Зошто е така и од каде потекнува омразата?

Супер кореографија на навивачите на Зенит

Рускиот шампион Зенит е близу до нова титула во тамошното првенство, а пред мечот против Крилја Советов навивачите од Санкт Петербург короната ја заменија со фудбалска топка.

Холандија ќе враќа гледачи на стадион ама со забрана да пеат и викаат

Фудбалската сезона во Холандија заврши меѓу првите неколку во Европа кои уште во април решија да стават крај на актуелната поради глобална пандемија со вирусот.

Избркан од работа дечкото одговорен за банерот “Животите на белците се важни“

„Ја користам оваа прилика да се извинам на АПСОЛУТНО НИКОЈ!“, напишал навивачот на Барнли којшто презема одговорност дека токму тој платил и нарачал веење на таков банер над стадионот „Етихад“ во Манчестер кога играа Сити и Барнли.

Ако не може на трибини, ќе ви дојдеме пред тренинг центарот

Серија А сезонава е супер интересна, бидејќи во трка за титулата се три екипи: Јуве, Лацио и Интер. Римјаните се хит сезонаваа, играат фантастичен фудбал и имаат само 2 порази по 26 кола. За вечерашното гостување против Аталанта беа испратени од околу 500 навивачи кои направија спектакл.

Пораката од авион над стадионот на Манчестер Сити која ја збуни Англија

После протестите во организација на Black Lives Matter во англиската Премиер лига сите клубови на дресовите го носат овој натпис и клекнуваат на колена во знак на поддршка во борбата против расизмот, ама некои навивачи имаат и свои аршини.

Малиот навивач на Интер кој се прослави со само еден транспарент

По завршувањето на ерата со Мурињо, тешко му беше на Интер да пронајде тренер кој ќе го одржи на врвот. Еден од оние кој не успеа беше Клаудио Раниери. Тој не издржа една сезона, а едно дете пак не можеше повеќе да го издржи притисокот во школо.

Каде се кријат Јувентините?

Не бе ова навивачиве на Наполи се како да ви кажеме. Веројатно само Турците и Јужноамериканците може да им ја разберат страста за фудбал која им оди до крајност. Наполитанец се снимаше за да објасни каде се скриени нивните големи ривали.

Само Наполитанците прават ваков пречек во 3:42 по полноќ

Да, финалето заврши кај 11 ноќта, ама нема одење во кревет сè додека не дојдат хероите кои го урнаа моќниот Јувентус. Прво следуваше блокада во центарот на градот, а потоа сите пред железничка. Го опколија и го блокираа и таксито на Мертенс, а напалени 200 беа и Мертенс и таксистот кој го носеше неговиот медал. Луда работа.

Мајката на малолетникот кој упадна на терен да се слика со Меси, нема пари да плати казна

Во саботата Барселона рутински ја совлада Мајорка на гостински терен и ја продолжи трката кон титула во Ла Лига. Но мечот остана во сенка на еден глупав и наивен настан.

Од планина ќе ве бодриме, нема друго чаре

Пробуваа многу преку зум конференции, па со ставање картори на седиштата и други штосни начини, ама овие од шведска втора лига инсистираат по секоја цена да се на лице место. Плус ултрас не ти навива од дома и мора да се издере ко човек и да запали нешто во рака.

Викенд на нереди меѓу англиските навивачи и борците против расизам

Ултра-десничарските групи кои од цела Англија се собраа во Лондон наводно да ги чуваат спомениците и меморијалите во престолнината, се судрија со полицијата, па со демонстрантите од BlackLivesMatter.

Вечното дерби во Белград не верува во кластери

Елитниот европски фудбал го очекуваат празни трибини. А во Србија свири поинаква песна, па на полуфиналето на Купот меѓу Партизан и Црвена звезда имаше околу 25.000 гледачи

Социјална дистанца? Нема проблем, ќе навиваме од кровот

И покрај тоа што успеа во еден момент пред глобалната пандемија бодовно да го стигне Порто, Бенфика зареди четири ремија по ред и му овозможи на најголемиот ривал да се одлепи на 2 бода на прво место. А Порто синоќа славеше 1-0 во меч без публика каде навивачите се качија дури на кровот и од таму палеа бакљи и навиваа.

Англиски хулигани претепаа демонстранти за правата на црнците

На улиците на Лондон веќе неколку дена е права брканица меѓу хулигани од навивачки групи и демонстранти кои во борбата против расизмот решија да уриваат и споменици на личности од Втора Светска војна.

„Има многу црнци во екипава, ова веќе не е мој тим“, навивач на Мајнц ја вратил сезонската

Фудбалскиот клуб во кој играчкото и тренерско име го изгради Јирген Клоп а долги години капитен и клупска икона беше Николче Новески, се соочува со непријатности од свој навивач.

Прав Наполитанец уште во пелени станува ултрас

Така е тоа кај нив. Прво ги учат навивачките песни за Наполи, а потоа азбуката. Малиов ја најавува својата поддршка на Сан Паоло до кај 2100-та година. Само здравје да го служи.