Унион Берлин ја продолжи убавата Божиќна традиција

Близу 30.000 навивачи и симпатизери на Унион Берлин повторно и годинава за католичкиот Божиќ се собраа на стадионот каде пееја традиционални Божиќни песни. Оваа традиција е стара веќе 23 години. На стадионот се палат свеќи, се пее, се креваат црвено-белите шалови на Унион Берлин. Секоја влезница се наплаќа а средствата одат за клубот и во хуманитарни цели.

На стадионот „Алтен Форстереј“ повторно како во првото издание во 2003-та година кога неколку другари навивачи на Унион Берлин спонтано ја започнале Божиќната традиција, се пееле Божиќни и Бадникови песни.

Навивачка љубов посилна од терористички закани

„Во 19:15 светлата и рефлекторите се згаснаа па целиот стадион на Унион Берлин се претвори во море од светла“, пишува германски Билд.

Во придружба на школскиот хор од гимназијата „Еми Нотер“ илјадници присутни пееле Божиќни песни од кои напознати се класичните „O du fröhliche“ и „Leise rieselt der Schnee“.  (На влез секој добил лист со текстови на песните)

Спикерот на стадионот и домаќин на вечерта, Кристијан Арбајт се пошегувал на темата на една од песние и рекол: „Годинава би можело да биде доволно студено за неа (за песната)“.

Долу на теренот и околу него биле поставени неколку штандови на кои традиционално се продавало греано вино, храна и новогодишни и Божиќни украси.

 

25 декември 2025 - 13:33