Судија кај си ќор, па уште и храната ти е грда

Навивачите на Лацио немаат уште завршено со судијата кој не им досуди чист пенал против Торино, па откако не го начекаа пред стадион, му најдоа нешто што е во негова сопственост за да му се одмаздат.

Пјеро Џакомели подобро да бега со километри ако види навивач на Лацио, ако сака да остане читав, бидејќи тие до толку не можеа да се помират со неговата кардинална грешка на мечот против Торино, што ја напуштија трибината на полувреме и го чекаа саат време пред стадион.
 
Ден после натпреварот теленовелата меѓу Џакомели и Лацијалите продолжи со втора епизода. Контроверзниот арбитар држи локал во Рим кој го носи името „Кафе Розети“. Навивачите го открија и на фан страната на Фејсбук му ја дадоа најниската оценка.
Да е само тоа, „Кафе Розети“ сега е полн со критики и поплаки од наводните муштерии кои му ги оставија следниве пораки.
„Кошмар“, „Бегајте подалеку од тоа место“, „Како да ти уништат една вечер со некомпетентност“, Очигледно убав ресторан кој се претвори во разочарување“, „Срамота, ни донесоа грдо јадење“.
И како за крај последниот коментар кој звучи како метафора со мечот, гласеше вака:
„Тоа ќе беше убава вечер, но сè се расипа од една личност која е неспособна да ја врши оваа работа“.

Навивачите на Лацио тврдат дека Џакомели на Фејсбук за експресно време го избришал Фејсбук профилот, кој го користел под псевдонимот Jack O' Melly, бидејќи на cover photo му стоел Тоти како изведува пенал, досуден токму од негова страна.
 
Скандалозното судење на штета на Лацио за кое нивниот тренер тврди дека е со намера бидејќи се случува четири пати по ред, клубот од Рим до толку го сфати сериозно, што дури се закани дека ќе го бојкотира првенството.
 
Најнесфатливо е што го гледа играњето со рака и не го свири

13 декември 2017 - 16:21