Синоќа ја совладаа Мајорка во четвртфинале со 1-0 со голот на Оскар Трехо. Столе бранеше цел меч а навивачите на крајот со песна им заблагодарија.
Голот на Оскар Трехо од пенал вреден пласман во полуфинале каде ќе играат против Валенсија:
Пред мечот се случил незабележен настан. Навивачите на Рајо Ваљекано познати под името „Буканерос“ веќе долго време се во војна со управата и претседателот на клубот. На екипата сезонава ѝ оди добро, но тоа е до играчите и тренерот. Управата според навивачите не мрднала со прст да го среди запуштениот стадион чии ѕидови веќе се ронат и соблекувални кои се од времето.
Навивачите на Рајо Ваљекано се незадоволни и од тоа што управата доцнела со месеци со пуштање во продажба сезонски карти и промоција на новиот дрес за сезонава. Листата на причини за гнев е подолга.
Но управата им вратила така што синоќа на мечот со Мајорка секој оној кој што се обидувал да влезе со шал, маица или каков било реквизит со натпис Bucaneros не бил пуштен да влезе на стадионот иако поседува карта. Навивачите се решиле да се соблечат до појас и голи на студено време да го бодрат Рајо Ваљекано до нова историска победа во Кралскиот Куп.
Minuto 30. Los @bukaneros92 entran desnudos (de cintura para arriba...) de uno en uno. Papelón (uno más) del ¿club? En un día histórico en sus 98 años SOLO se oye en la grada insultos a Presa. Jugada redonda pic.twitter.com/Jpy8zlnnB2
— Josué Elena Hernández (@josuelena) February 2, 2022
Сега следен ривал ќе им биде Валенсија во полуфинале.