Денес ни тргна со кинеската сцена. Попладнево се игра ревијалниот дуел меѓу Интер и Јувентус на кинеската турнеја од Интернационалниот Куп, па се сретнаа две навивачки групи. Мислиш се начекале ултраси на некој автопат во Италија. Оние за Интер држеле банер со натпис: „На Јуве му е во ДНК-то да краде“. Па јувентиниве вратиле со фрлање предмети.