Ријечани правеле хаос во Љубљана

Словенечка Олимпија Љубљана ја прегази Ријека со 5-1 и со вкупен резултат од 6-1 се пласираше во Лига Конференции. Околу петстотини навивачи на хрватскиот клуб кои дошле во Љубљана се судриле со домашните навивачи, па со полицијата а на крај „Армада“ палела и пиротехника и фрлала на терен за време на мечот. Овие два тима, со оглед на географската близина на градовите, одамна уште од време на поранешна Југославија се големи ривали.

31 август 2024 - 20:18