Пиро-шоу во Штутгарт

Пред околу 60.000 гледачи Штутгарт на својот прекрасен стадион „МХПАрена“ го пречeка Фрајбург во полуфинале на германскиот Куп. Гостите први поведоа преку Максимилијан Егештејн во 28' минута, а домаќините израмнија преку Дениз Ундав во 70-та минута. Во продолженија Тиаго Томас постигна победнички гол за 2-1 во 119-та минута. Штутгарт ќе игра во финале против Баерн Минхен кој во средата го совлада Леверкузен на гости 0-2.

Навивачите на Штутгарт и на Фрајбург направија прекрасни пиротехнички изведби:

И гостите од Фрајбург имаа свое шоу: кореографија и многу пиротехника:

 

24 април 2026 - 12:21