Парола за Кочани од бугарските навивачи

Бугарија играше квалификации во Лига на нации во Б дивизијата против Ирска и загуби со 1:2. Натпреварот се играше во Пловдив, а на трибина можеше да се забележи порака со сочувство упатена до Македонија каде е прогласена седумдневна жалост за трагедијата со 59 жртви: „Бугарија тагува со вас“. Гест за почит на нашите соседи.

21 март 2025 - 09:24