Фотографија со навивач од холандското првенство стана хит на социјалните мрежи и речиси и да нема Фејсбук, Инстаграм или Твитер профил на фудбалска страница која не ја објави.
На неа е навивач на Твенте сликнат на мечот против Виљем втори. Не е тоа секојдневна слика. Дечкото е натоварен со 48 пива кои ги носи со две раце, без никаква дополнителна помош.
Зошто толку наеднаш, ќе објасни тој.
„Секогаш одам на стадион со група на другари и секој пат некој од нас има задача да оди по пиво. Сега мене ми дојде редот и сакав некако да направам да не треба да одам по неколку пати до барот, туку да ги донесам сите во една тура. Морав да ги носам послужавниците по патеката, но и по скали, но сето тоа помина во најдобар ред“, раскажува Кристијан кој станал популарен после подвигот.
„Имав сигурно 300 барања за пријателство на Инстаграм, а се гледав и на тв. Телефонот ќе ми експлодираше“.
Not all heroes wear capes 🍺
— ESPN UK (@ESPNUK) October 18, 2021
(via @fctwente) pic.twitter.com/5Kil8k1N6y
23 годишниот навивач очигледно е дека е доста упорен дечко со голема издржливост, штом не му се истури ниту едно, ама и искрен, бидејќи призна дека еднаш неговиот другар Џош успеал да донесе 50 пива наеднаш.
Разни коментари има меѓу навивачите. Еден напишал дека во Австралија било дозволено да се купат само две пива по човек, а друг се жалел дека му било зезнато кога го пратиле да донесе три пива.
Навивачите на Твенте почнаа да го следат примерот на Кристијан.
Hold my beer 🍻
— STAND YOUR GROUND 👊 (@Ultramaniatics_) October 19, 2021
FC Twente 🇳🇱 pic.twitter.com/Q9nUycLxtZ
Another FC Twente fan 😊 pic.twitter.com/fPDitASk7i
— HooligansTV (@HooligansTV_eu) October 18, 2021