Чудни патишта фудбалски

Урош Ѓурѓевиќ има 30 години а има необична кариера. Роден е во Белград, настапува за репрезентациајта на Црна Гора од 2021-ва година. Потекнува од школата на Црвена Звезда а едно време стана најдобар стрелец на Партизан. После играше и во Олимпијакос а најдолго се задржа во шпански Спортинг Хихон. Од летово од јули е во мексикански Атлас.

Синоќа за првпат влегол од клупата за резерви на мечот Гвадалахара - Атлас и додека неговата екипа губела 1:0, за неколку секунди постигнува прекрасен гол за 1-1. Во длабоко судиско продолжение Атлас прави целосен пресврт и со гол во 90+14 минута слави 1-2 и продолжува во плејофот во Мексико.

22 ноември 2024 - 12:20