Навивачите на Милан со интересен начин на протест

Ако Манчестер Јунајтед и Тотенхем се најголеми разочарувања на сезоната во Премиер лига, тоа може да се каже за Милан во Серија А. Седумкратниот европски шампион е паднат на ниски гранки со управата предводена од Американецот Гери Кардинале кој ретко се врти во клубот и постојано е во САД. Милан завршува уште една сезона за заборав, една од ретките во која остана без еврокупови за следната сезона. Катастрофа.

Epa Images
Epa Images
Photo: EPA Images

Синоќа на мечот од последното коло против Монца која одамна е испадната во втора лига, Милан едвај победи 2-0 со головите на Габија и  Жоао Феликс од слободен удар но резултатот беше незначаен по росонерите.

Навивачите претходно организирале голем протест пред седиштето на клубот а потоа на својата Јужна трибина изразиле големо незадоволство и побарале од раководните лица Кардинале, Фурлани и Ибрахимовиќ да си одат од клубот:

 

25 мај 2025 - 09:32