Највозрасната навивачка на Нотингем Форест со 101 година дошла на стадион

Двократниот европски шампион Нотингем Форест конечно сезонава после долги децении е на прагот да го досонува сонот пак да настапи во Лига на шампиони или макар Лига Европа. Со тоа ги разбудија и највозрасните навивачи и членови на клубот. Лани на стадион им доаѓаше извесна Вера Хил која на 92 години решила да ја подари некому својата сезонска карта зошто почнала да го губи видот. Сега убава приказна има со извесна Марџорие Грејвс која од 8 години навива за Нотингем Форест во моментов има 101 година.

Госпоѓа Грејвс имала тура низ стадионот, ги запознала играчите и тренерот Нуњо Еспирито Санто, добила подароци и дрес со број 101 на грбот и нејзиното име. Таа го гледала мечот со Лестер Сити кој заврши разочарувачки 2:2 со тоа што гостите кои се испаднат пред речиси два три месеци, постигнаа погодок во 81-ва минута и го загрозија пласманот на Нотингем Форест во Лига на шампиони.

„Беше прекрасно. Од почеток на тураа до крај клубот навистина ми покажа чест. Сите играчи дојдоа и поразговаравме и беа баш мили. Сакам да им се заблагодарам на клубот и на моите пријатели дома. Ме направија многу среќна“, рекла Марџорие Грејвс која од 8 години навива за Нотингем Форест а сега на 101 година ги гледаше „шумарите“.

 

13 мај 2025 - 08:26