На 20-ти декември минатата 2023-та година за време на мечот меѓу Борнмут и Лутон Таун во англиската Премиер лига, капитенот на гостите Том Локјер изгуби свест на сред терен и за среќа докторите го вратиле за две минути во свесна состојба.
Тој бил префрлен во болница, а натпреварот бил прекинат во 59’ минута при резултат 1-1.
На 29-годишниот централен стопер од Велс ова му било вторпат да изгуби свест, истото му се случило и на 27-ми мај минатата година за време на финалето на баражот во Чемпионшип против Ковентри Сити за пласман во Премиер лига.
Том Локјер тогаш поминал пет дена во болница и имал оперативен зафат при што му вградиле и дефибрилатор.
Од Премиер лига тогаш соопштиле дека мечот меѓу Борнмут и Лутон Таун ќе се одигра од почеток во некој друг термин а подоцна бил прецизиран 13-ти март годинава.
Но со проблем се соочиле гостинските навивачи кои веќе еднаш поминале 240 километри (120 км во правец) до Борнмут и назад до дома и платиле прилично скапи влезници и превоз до таму.
Од таа причина навивачите на Борнмут од здружението Bournemouth Supporters Trust решиле да завратат раце и да ги помогнат оние на Лутон Таун па им собрале преку 1.000 фунти со кои биле покриени трошоците за превоз, комбиња и автобуси и за карти за новиот натпревар.
Остатокот од собраната сума го донирале во Фондот за изучување на срцеви заболувања.
А натпреварот беше спектакуларен и влезе во историјата на Премиер лига. Лутон Таун на полувреме водеше со неверојатни 0-3 а во вториот дел Борнмут направи целосен пресврт, победи 4:3 и стана само третиот клуб во историјата на англиската Премиер лига кој се вратил од 0:3 и победил на крајот.
Интересно претходно било договорено во 59-та минута од мечот да има громогласни аплаузи за лекарите кои го вратиле фудбалерот Локјер во живот кој се појави на истото место заедно со докторите.
„Беше навистина сурово на времето, но мислам дека двата клуба сега ќе имаат посебен однос. Работи како ова со навивачите на Борнмут кои собраа пари за да платат за автобусите на нашите навивачи кои мораа два пати да патуваат, мислам дека покажува права класа од нив и големо големо благодарност од мене и од нашиот фудбалски клуб.
Знам дека и двете наввиачки страни собраа многу пари за Бритиш Харт Фоундејшн и двата клуба ја креваат свеста за ЦРП (кардиопулмонарна прва помош). Бритиш Хартд Фоундејшн исто бара луѓе кои ќе научат да работат ЦПР, така што од едно неубаво искуство, произлегоа многу добри нешта“, рекол тренерот на Лутон Таун Роб Едвардс.
Туку, слушнавте ли за блесавиот пресврт во Премиер лига синоќа?