Борнмут синоќа на полувреме губел со 0:3 од Лутон Таун, екипа која е над цртата во Премиер лига и грчевито се бори за опстанок во првата историска сезона во најдобрата лига.
Во вториот дел, кога домашните навивачи на „црешите“ веќе се помириле со убедливиот пораз, фудбалерите на Борнмут тргнуваат во поход за кој треба да има документарец.
На крајот домаќините слават победа 4:3 после неверојатен пресврт!
Борнмут стана само петтиот тим во историјата на Премиер лигата кој победил во натпревар на кој имал дури три гола заостаток и само трета екипа во историјата која го сторила тоа откако на полувреме губела со три гола негатива.
Вакви лудачки пресврти режираа Манчестер Јунајтед во септември 2001-ва кога го совладал Тотенхем 5:3, како и Вулверхемптон против Лестер во октомври 2003-та откако на полувреме гостите имале сигурни 0:3.
„Сè му одеше на Лутон од рака во првиот дел! Секој пат кога дојдоа до петерецот постигнаа гол“, рекол после мечот тренерот на Борнмут Андони Ираола. Гостинскиот тренер Роб Едвардс после натпреварот рекол: „Морам да превземам одговорност за ова“.
Борнмут сега е 13-ти на табела со 35 бода и е во сигурна зона, а Лутон е 18-ти со 21 бод и до крајот од првенството го чека тешка битка за опстанок во најбогатото друштво.