Господа прегледајте ги камерите, откријте му го идентитетот и пратете го да си гледа фудбал дома, доживотно, а може и да му купите подарок. На пример пластични чаши.
Од спротивната страна пак, меѓу навивачите на Вест Хем имаше двајца глупаци, кои не се мерат со идиодон од Тотенхем. Вест Хем синоќа направи сензационален пресврт во Лига Купот против Тотенхем и го победи по негатива од 2:0.
Фудбалерите заминаа да ги почастат своите навивачи со по некој дрес, а тој што требаше да заврши кај детето со мајката, еден се подаде и го собра, а другиот падна како најголем и најлаком цреп.