Наполи доби 5 жолти и 1 црвен картон а Милан доби 4 жолти картони од кои еден беше за тренерот Стефано Пиоли поради приговор.
Паоло Ди Канио кој како стручен коментатор работи на Скај Спорт, после мечот го праша тренерот на Наполи Спалети да ја прокоментира реакцијата на Ким кој доби жолт картон и нема да игра на реваншот поради парни картони:
„Да ги видиме жолтиот картон на Зјелински и оној кој не го доби Круниќ. Да зборуваме за корнер знаменцете, нема почист пример за жолт картон од ова. На децата од цел свет им кажуваме одете шутирајте се што има на терен зошто нема да ви се случи ништо“, одговори Спалети.
Спектакли во Лига на шампиони: Милан и Реал Мадрид ги одбранија домашните терени
Пречката на Елмас која ги смрзна навивачите на Милан