Наполи играше отворено уште од самиот почеток и за малку не поведе прв по неверојатната шанса на Кварацкхелија чија топка од гол линија ја извади Раде Круниќ на самиот старт од мечот.
А во 50-та минута, во вториот дел Елиф Елмас со глава прекрасно шутираше но Мајк Мањан ја чепна топката која од пречката се одби во корнер. Тоа ќе беше преубав еврогол на македонскиот репрезентативец кој го одигра цел натпревар.