Во првиот четвртфинален дуел од ЛШ со Наполи кој Милан го доби 1:0, трибината Curva Sud (Јужна трибина) претстави прекрасно корео.
Перформансот беше на цел стадион, на сите трибини, а на онаа каде што седат најверните тифози беше претставен ѓаволот како симбол на Милан кој се обидува да ја фати Пулчинела (симбол на Неапол) и со натпис: „Нашата судбина во наши раце“.
Пулчинела е маска (лик) од италијанската комедија дел арте. Тој е лик од неаполскиот кварт а името во превот значи пиленце.
Маската Пулчинела се раѓа во XVI век во Јужна Италија во градчето Ачера близу Неапол. Овој лик понатаму го играле најдобрите глумци. Маската Пулчинела е олицетворение на неаполскиот плебс, на обичниот, прост човек кој се наоѓа на последното место на социјалната скала. Тој ја претставува душата на народот и неговите првобитни инстинкти. Тој е преварант, верен слуга, земјоделец, шверцер, војник, уметник, и богат и беден во исто време.
🔴⚫ La coreografia spettacolare a San Siro per #MilanNapoli #ChampionsLeague pic.twitter.com/Tdh6ZJbtE8
— Antonio Vitiello (@AntoVitiello) April 12, 2023
Спектакли во Лига на шампиони: Милан и Реал Мадрид ги одбранија домашните терени