Синоќа се одиграа дел од реваншите од 3. квалификациско коло за Лига на шампиони. Жозе Мурињо и Фенербахче со 5:2 го совладаа Фејнорд и надоместија за поразот во првиот меч 2-1, па сега ќе имаат уште потежок ривал во Бенфика. Во следно коло оди и Ренџерс и Каират кој на пенали го совлада Слован Братислава на гости и Копенхаген кој го згроми Малме со 4-0. Црвена звезда по триумфот во Полска против Лех од 1-3, синоќа во Белград ремизираше 1-1 и со вкупен резултат 4-1 оди во баражот каде ќе се сретне со кипарскиот шампион Пафос.