Хармоничен радио пренос од Бока - Ривер за луѓе со срцеви заболувања

Поради големата еуфорија, тензија и важност на мега градското дерби во Буенос Аирес, едно аргентинско радио вршело пренос од мечот со смирувачка, хармонична музика во позадина и со спикер со тивок и нежен глас. Сево ова за луѓето со срцеви заболувања кои навиваат за едниот или другиот клуб.