Провокациите се, каде не, ако не во нашиот регион, овој пат на мечот меѓу АЕК Атина и Ајакс кој заврши без победник.
Домашните навивачи изненадија со сосема неочекувана парола на која стоеше „Косово е Албанија“.
За Србите ова е забивање нож во грб и мистерија, зошто и од каде сега оваа порака од Грците со кои се сметаат за браќа.
Српските медиуми пишуваат дека ова не е е дело на навивачи со албанско потекло и уште повеќе не им е јасно од каде оваа идеја, која би можело да предизвика нови тензии на навивачката сцена.
Србите и Грците имаат одлични односи низ историјата, а тоа АЕК го покажа на дело уште кога за време на бомбардирањата на НАТО во 1999-та, одигра пријателски натпревар против Партизан, без разлика што во Србија паѓаа бомби.
Mondo.rs потсетува дека во АЕК Атина еден од најголемите навивачи е Србинот Огњен Врањеш и дека моментално за тимот настапува Мијат Гачиновиќ. Пишува и за големиот број на српски фудбалери кои го носеле дресот на грчиот тим.
Another picture from the banner "Kosovo is Albania" from the AEK Athens fans. pic.twitter.com/qBaUeYLVPW
— kos_data (@kos_data) October 5, 2023
Ова е всушност или пресвртница во ставовите на навивачите на АЕК или има некоја друга позадина. Пред само неколку години извадија парола „Fuck Albania“.
05.10.2023, AEK🇬🇷 - Ajax🇳🇱
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) October 5, 2023
1) photo: AEK fans now
2) photo: Meanwhile AEK fans some years ago https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/Zrk5LZ1zRq