Хрватскиот фудбалски сојуз имал забрана да продава карти за свои навивачи за гостувањето во Ереван во Ерменија но таму и покрај тоа се нашле две стотини хрватски навивачи кои веројатно купиле влезници на самиот стадион.
Казната за Хрватите е поради тоа што во завршницата на минатото издание на Лига Нации на мечот против Холандија го навредувале романскиот судија Иштван Ковач со повици: „Цигане, цигане“.
Хрватскиот сојуз бил казнет со 70.000 евра и забрана за свои навивачи на првиот следен гостински меч (овој во Ерменија). Притоа ХНС бил казнет и со уште 80.000 евра поради уфрлени бакљи на терен на меч од Лига Нации.
Во 35' минута над теренот лебдеше дрон со знамето на непризнаената Република Арцах, спорна територија меѓу Ерменија и Азербејџан на која живеат мнозинство Ерменци.
Ерменците еуфорично го проследија летот на знамето со повици „Артсах, Артсах“ а судијата накратко го прекина мечот.
Fans of the Armenian national team launched a drone with the Artsakh flag over the football field during the Armenia-Croatia match pic.twitter.com/Q9ATkTQUkQ
— 404 Intel (@404Intel) September 11, 2023
11.09.2023, Fight Armenians🇦🇲 vs Croats🇭🇷 https://t.co/Fjy3xrlEmQ pic.twitter.com/3nsYwf2ZOC
— Hooligans.cz Official (@hooliganscz1999) September 11, 2023
Голот на Андреј Крамариќ: