Доживотна сезонска карта и ВИП третман за најстарата навивачка на Вест Хем

Има 102 години и за неа пензионерскиот живот не значи дремење во фотеља и гледање серии, туку одржување во живот со помош на една епска традиција наречена Вест Хем. Таа го бодри веќе деветта деценија, а тој и возвраќа како што доликува.

Мабел Арнолд во Англија е позната како една од најстарите навивачки (веројатно и во светот) која не се откажува од одење на стадион ниту на 102 години.
 
Кога започна новата сезона во Премиер лигата, таа се пофали со новата сезонска карта број 84 во нејзиниот живот, а клубот и припреми и едно изненадување во пресрет на градското дерби против Челси.
„Во знак на благодарност за нејзината величествена долга поддршка и како признание за нејзиниот уникатен статус, решивме да ја наградиме Мабел со бесплатна доживотна сезонска карта и ВИП третман во подтрибинскиот простор. Таа ќе може да ги следи натпреварите од поудобна позиција во придружба на синот, како и да има пристап до коктелите пред и по мечевите“, стои во соопштението на Вест Хем.
Мабел е хит меѓу навивачите кои и скандираат: Ние ја имаме Мабел Арнолд, а вие не го разбирате тоа.
 
Го бодри Вест Хем од пред Втора Светска Војна или поточно од 1934-та година кога имала 18 години и има гледано преку 2.000 домашни натпревари.
 
 
Кога ја прашаа што сака за нејзината 100 гоидишна прослава, таа одговори:
„Повеќе би сакала Вест Хем да освои три бода, отколку телеграма од Кралицата“.
Јубилејниот 100-ти роденден на 2 април 2016-та го прослави се знае каде, на стадионот Болеин Граунд, а клубот и подари дрес со бројот 100. Со нејзе со сликаше голманот Адриан кој тогаш па заокружи 100 настапи во дресот на Вест Хем.
26 септември 2018 - 13:38