Срцето на Англичаните е скршено после синоќешната елиминација од Хрватска. Водеа 1:0, сонуваа титула и билдаа атмосфера со паролата „It`s coming home“, но ќе мора да се тешат со натпревар за трето место.
И покрај големата разочараност, тие веруваат во овој состав со млади играчи кои ќе бидат уште по зрели на СП Катар 2022.
Сем Хантер Браун (23) од Бирминген:
„Ова е трагична ноќ, можевме да го поминеме целиот пат. Оваа година на СП го имаше нашето име и го фрливме. Но мора да го бордиш тимот за да го добиеш ова. Беа неверојатни и ги подигнаа сите дома. Тие сè уште треба да бидат пречекани како херои“.
Роберт Симонс (48) од Свиндон:
Јас сум толку горд на тимот и целата земја треба да биде горда. Во Русија сум пет недели и ја сакам секоја минута откако сум тука. Но овој меч ми го скрши срцето. И мојата банкарска сметка е скршена исто така.
Мајкл Џејмс (60) од Болтон:
„Јас сум издишан, но исто така и возбуден. Ова е прекрасен млад тим и за во Катар“.
Фотографиите кои најдобро го отсликуваат ужасниот начин на кој беше прифатен поразот во Англија.
А пред и за време на полуфиналето: