Да седиш на свадба или да гледаш фудбал од горе?

Српскиот прволигаш Вождовац го има најнеобичниот стадион во регионов - на кров на голем трговски центар. Буквално додека луѓе си пазарат, пијат кафе или се веселат во ресторан на горниот кат, најгоре се игра прволигашки фудбал пред трибини.

Новиот српски прволигаш ИМТ од белградската населба Нов Белград принудно мора да играат на таканаречениот „Кров“, стадионот на ФК Вождовац. Таму синоќа го пречекале Партизан. Воделе 2:0 но на крај загубиле 2:3.

Додека траела една свадба горе во ресторанот, некој гостин си гледал фудбал во живо:

Партизан губел 2-0 а на крај во последни секунди дал трет гол за целосен пресврт и луда прослава:

 

4 септември 2023 - 11:48