- Зинедин Зидан ќе го наследи Дидие Дешамп на функцијата селектор на француската репрезентација, откако веќе е постигнат устен договор со Француската фудбалска федерација.
- Заминувањето на Дидие Дешамп по 14 успешни години е најлошо чуваната тајна во францускиот фудбал, пишува ЕСПН. Зидан, кој го заврши својот втор мандат како тренер на Реал во 2021 година, долго време беше потенциран дека ќе ја преземе улогата.
- 53 годишниот стратен чекаше неговиот колега, со кого заедно го освоиија Мундијалот во 1998 година, да си замине, за да ја прифати работата. Официјално ќе биде назначен по завршувато на Светското.
- Само два дена откако ненадејно почина Агрон Мемеди од Шкендија кој колабираше на тренинг, нова црна вест во македонскиот. На 46 години замина Владимир Секуловски.
- Беше во составот на националниот тим на квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн за ЕП 2004 година, иако тогаш не доби можност да влезе во игра.
- Секуловски настапуваше за повеќе македонски екипи со кои освојуваше шампионски титули и Куп трофеи: Тетекс, Вардар, Слога Југомагнат, Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Осогово.
- За сега нема официјални информации за причината за смртта.
- Долгогодишниот репрезентативец, Висар Муслиу, даде искрена изјава после големото разочарување на Македонија во Б дивизијата од Лигата на нации, каде ги загуби сите натпревари со гол разлика 1-15.
- „Ова е резултатска и играчка криза. Не покажавме добро нешто на терен, веќе десет натпревари не го даваме тоа што треба на терен. Мора да ставиме прст на глава, да размислиме како се однесуваме, како играме и мора да се подобри оваа ситуација.
- Тешко е дека може да извлечеме нешто позитивно од овој циклус, оваа ситуација мора детално и добро да ја анализираме и да се поправиме“, рече Муслиу.