- Претседателот на Украина, Зеленски одобрил неговата земја да го прифати повикот заедно со Шпанија и Португалија да се кандидираат за домаќинство на Светско првенство 2030.
- Англиски Тајмс пишува дека е помала веројатноста на Шпанија и Португалија да им се приклучи Мароко како што беше претходно најавено, туку дека сакаат да ја испочитуваат Украина така што во оваа земја би се одиграле само три натпревари од една група.
- Португалија и Шпанија би ја презеле организацијата на сите други средби, Шпанците би биле домаќини на 11 стадиони, а Португалците на 3. Контра-кандидатура и тоа доста сериозна имаат Саудиска Арабија-Египет-Грција.
- Сао Пауло од Бразил гостувал во Боливија каде одиграл 1-1 против Боливар. Пред натпреварот тројца шофери на автобусот со кој требале да се превезуваат гостинските фудбалери од славниот клуб, биле уапсени поради тоа што во автобусот им пронашле 86 килограми марихуана.
- Бразилскиот клуб стигнал во Санта Круз де ла Сиера пред да се упати во Ла Паз, градот на огромна надморска исина каде играа против Боливар. Сепак по доаѓањето на Бразилците, имало проблем зошто полицијата пронашла 86 килограми марихуана во автобусот кој тргнал да ги превезува од аеродромот.
- Според извештаите на локалните медиуми, Сао Пауло ја ангажирал фирмата “Buses Cosmos“ за превоз на целата делегација до градот. Но возилото било сопрено во близина на градот Кочабамба. До моментот кога Сао Пауло слетал на аеродромот фирмата во Санта Круз де ла Сиера успеала да го реши проблемот и да прати друг автубос.
- Првиот човек на европската кошаркарска федерација ФИБА Хорхе Гарбахоса повторно во само неколку недели е во Македонија. Тој беше во посета на Гевгелија каде го следеше дуелот меѓу кадетските репрезентации на Македонија и Украина.
- Домаќини на Гарбахоса му беше раководството на КФМ и градоначалникот на Општина Гевгелија кои му подарија дрес од КК Кожува со што беше одбележана неговата посета на градот кој деновиве е центар на европската младинска кошарка.