- Најреномираниот турнир во мал-фудбал во земјава, меморијалниот турнир „Оливер Соколов - Сокол“ дојде до самата завршница. По бројни интересни натпревари, сега следуваат натпревари од четвртфинале, полуфинале и финале.
- Четвртфиналињата се закажани за 22-ри септември (недела) од 19 часот.
- Полуфиналните дуели се планирани за 24 септември (вторник) од 20:30 часот, а големото финале е предвидено за 28-ми септември (сабота) кога ќе има и пренос на третиот канал на МРТВ.
- Новото раководство на КФМ покрена иницијатива за промена на името на оваа организација.
- Куќата на кошарката сака да ја елиминира додавката „Северна“ и да не се вика повеќе Кошаркарска федерација на Северна Македонија.
- Како нови можни имиња е враќање на стариот назив Македонската кошаркарска федерација (МКФ), кое беше во употреба пред спорната одлука донесена пред шест години, што предизвика многу реакции.
- Иван Чупиќ е нов тренер на РК Вардар, кој доаѓа на местото на Гиљермо Милано, кој го загуби столчето после губењето на титулата на болен начин од Еурофарм Пелистер.
- „Сите го памтите Чупиќ како легенда на Вардар и кога на ПСЖ во последна секунда му даде гол. Што ме натера да го ангажираме е тоа што уште како играч искажуваше тренерски амбиции. По разделбата со Милано, добив желба да го ангажираме и тоа после еден разговор“, рече Михајловски кој се осврна и на Столе Стоилов.
- „Столе е легенда на Вардар, многу го ценам, мислам во овој моментот не спремен да го води тимот. Вратата за него секогаш е отворена. Тој е на годишен одмор. Дали ќе биде помошник или со некоја друга функција, ќе се договориме со него“.