- Томас Тухел со врвно портфолио седна на клупата на Баерн Минхен и се очекуваше еден со друг да си одговараат сјајно и тоа да биде долгогодишна успешна приказна.
- Но се испостави дека Баварците под негово водство играат крајно додевен, бавен и незаинтересиран фудбал. Испаднаа од германски Куп од третолигаш. Во Бундеслига заостануваат веќе -10 бода зад лидерот Баер Леверкузен а во Лига на шампиони се на праг од испаѓање (0-1 негатива со Лацио).
- Холандскиот тренер Арне Слот (45) кој неколку години со голем успех го води Феенорд би можел да биде наследник на Тухел во новата сезона. Слот лани беше избран за најдобар тренер во Холандија а неговиот тим игра брз, агресивен фудбал со снажен пресинг, нешто што е синоним за Баерн Минхен.
- Синоќа околу 19 часот пред салата „Јане Сандански“ во Аеродром каде КК Работнички играше против КК Скопје, додека навивачите на клубот од „Градски парк“ чекале да влезат во салата, со факели и други предмети биле нападнати од навивачи на МЗТ Скопје од групата „Фемили Аеродром“.
- Во физичката пресметка е повредено едно лице кое набрзо било префрлено во ГОБ „Св. Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош. Едно лице било приведено.
- На потегот од Попова Шапка до Титов Врв на Шар Планина се поставени нови ознаки и патокази кои беа оштетени во август годинава, информираат од службата за односи со јавност при „Славков проект – Обележување на планинарски патеки во Македонија“, поддржан од амбасадите на Австрија, Чешка и Словачка.
- Од „Славков проект“ информираат дека по промоцијата следува и промотивно планирање со локални планинарски организации (повеќето од нив партнери во проектот), како и љубители на природата.
- „Групата ја предводеа локални планинари, заедно со врвниот чешки алпинист Марек Холечек – добитник на престижната награда ‘Златен цепин’ (Piolet d’Or) во два наврати и специјален гостин на тековниот филмски фестивал ‘EХO’ во Скопје“, се вели во соопштението.