Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Разно
    • Кец у два
    • Навивачи
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Фудбал
  • Кошарка
  • Ракомет
  • Разно
  • Кец у два
  • Навивачи
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Сведоштво на алпинистот кој последен го видел жив Димитар Илиевски – Мурато

9 декември 2021
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Спомените на тој 10 мај 1989 година сѐ уште се живи, како да се случи вчера. Од три часот наутро, Диме, Стипе, јас и двајцата шерпаси, Сонам и Аџива, заедно се боревме да стигнеме до врвот. На непалската страна на планината, недостатокот на снег значително ни го отежна искачувањето, се искачувавме по ронлива карпа.
  • На кинеската страна на планината на висина од 8.400 метри натаму, бевме пречекани од огромни количини снег. До гради потонавме во снегот и тоа дополнително не забави. Дури  во пет часот попладне стигнавме до 8.748 метри на високиот јужен  врв. Таму ми снема од дополнителниот кислород од боцата.
  • Веќе речиси сосема во темница ми успеа да стигнам до врвот. Седум и пол часа траеше моето ноќно спуштање до шаторот на јужното седло, каде ме чекаше Борче (Јовчевски). Ми кажа дека Сонам и Аџива се вратиле уште во десет часот вечерта, додека Стипе и Диме сѐ уште ги нема. Очигледно, некаде на падините под врвот се промашивме и ќе бидат тука во секој момент.
  • За кратко време по мене се појави Стипе и влезе во вреќата за спиење покрај мене. Борче се пресели во соседниот шатор за полесно да се погрижи за Диме, кога ќе пристигне. Дваесет и три часа бевме на пат. Успеавме. Утре ќе одиме кон долината и на славењето ќе му нема крај.
  • Кога се разбудив, го повикав Борче во соседниот шатор, да прашам дали е дојден Диме. Низ татнењето на ветрот се обидував да препознам одлучно да. Но тоа не го слушнав низ тој проклет ветар. Сѐ уште не знаевме, ниту се сомневавме, дека ќе го нема. Дека несреќниот Диме на тоа ноќно спуштање, кое повеќе беше бегство назад кон животот, направил само мала, ситна грешка и засекогаш се изгубил. Снемогнал, заспал при одморот, или залутал кон глечерот Кангсунг на кинеската страна на планината.
извор

Верон: Нико Паз прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона

20 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
  • „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
  • „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
  • Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
извор

Од фудбалска школа во Струга, до тренинг со Лукаку и Канте

20 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
  • Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
  • Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Свињите ѝ обезбедија енергетска независност на Данска

Занимливости
2

Палмер Лаки планира град-држава среде океан

Технологија
3

Кога жените ќе стивнат

Македонштина
4

Вам ви гледале на кафе за овој проблем?

Балканштина
5

Американска математика

Канта
6

Нови квалитети денес ги прават децата паметни

Наука
7

Маца за сообраќајот: Дај, дај, дај!

Балканштина
8

Во Делчево веќе ништо не е исто

Македонштина
1

Т'га за Манчестер Јунајтед

Фудбал
2

Што му стана? Дефанзивец на Порто со необјаснив автогол

Фудбал
3

Голманска лудост на денот

Фудбал
4

Нервоза во Битола: Срам да ви е на сите играчи и тренери

Ракомет
5

Проблеми во Баерн, Кејн ги повредил лигаментите

Фудбал
6

Мурињо за Роналдо: „Си ги мијам рацете и не зборувам“

Фудбал
7

Како стојат во Баерн со плати?

Фудбал
8

Есапот на Рафа Бенитез за вредноста на Џерард и Карагер

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Напредни проблеми во бугарскиот јазик

Македонштина

Некои протестираат против миграцијата, некој против војните...

Балканштина

Мали тајни на хрватските мајстори на заверите

Македонштина

Кога жените ќе стивнат

Балканштина

Вам ви гледале на кафе за овој проблем?

Балканштина

Маца за сообраќајот: Дај, дај, дај!

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Гоце нема да ви даде ни леб, ни интерпункција, ни грам памет

Да се омажиш не е некое достигнување

Финален испит

Какво интервју со Квинси Џонс!!!

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy