- Меѓународната агенција за интегритет во тенисот соопшти дека романската тенисерка, некогашен светски рекет број 1 и една од најдобрите тенисерки на светот во моментов, Симона Халеп е суспендирана поради позитивен тест од Отвореното првенство на САД (УС Опен) летово.
- Во нејзината крв бил пронајден лекот роксадустат кој е на листата забранети супстанци од страна на светската анти-допинг агенција.
- „Низ целата моја кариера ни на памет не ми паднало да лажам зошто тоа е против моите вредности со кои сум воспитувана. Ќе се борам до крај да докажам дека никогаш свесно не сум земала недозволени супстанци. Ова е за љубовната приказна со играта и љубовната приказна кој трае веќе 25 години“, напиша Халеп.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.