- Во најгорниот дел од табелата на италијанска Серија А е потполен хаос. Дури 6 екипи конкурираат за местата кои водат во Лига на шампиони и на неколку кола пред крај не се знае кој сигурно ќе обезбеди пласман.
- Рома одигра само 1-1 на гости кај Монца во натпревар кој го одбележија нови расправии на Мурињо со судиите. Овојпат Жозе после средбата на прес зборувал дека главниот судија Даниеле Кифи го оштетил неговиот тим и дека е чудно кој дава втор жолт картон во 90+6’ минута на самиот крај.
- Португалскиот тренер по една голема расправија со главен судија пред неколку меча кога рече дека многу бил навредуван, сега изјави дека ги барал аудио снимките од нивните разговори но не ги добил. „Од сега затоа си носам микрофонче и сè снимам“
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.