- Откако ФИФА и УЕФА јавнаа на бранот на западните санкции за Руска Федерација и ги исфрлија руските селекции од сите натпреварувања под нивна закрила, репрезентацијата на Русија остана без можноста да обезбеди пласман на Светско првенство, иако на терен преку квалификации се изборија за бараж кој требаше да се игра во Москва.
- Покрај рускиот репрезентативен фудбал, претходниве месеци многу претрпе и тамошниот клупски фудбал зошто руските екипи беа исфлрени од УЕФА натпреварувањата.
- Сега од Руската фудбалска федерација размислуваат да се приклонат кон Азија, во тамошната конфедерација и да играат тамошни турнири. „Немаме веќе време за чекање. Мора да се донесе некакво решение и тоа да се соопшти“, вели потпретседалот на РФС, Соловјев.
- Од УЕФА соопштиле дека би сакале РФС да остане нивна членка и побарале уште некое време.
- Протестите на навивачите на Лацио против Клаудио Лотито се одразуваат и финансиски врз клубот.
- Во првата кампања за обновување на сезонски билети, регистрирани се околу 2.000, што значи скоро 28.000 сопственици на сезонски, засега избраа да не ги потврдат своите места на стадион.
- Оваа бројка се однесува само на првиот дел од кампањата и затоа не го претставува конечниот број за сезоната 2026/27.
- Помеѓу 2022 и 2026 година, навивачката база беше стабилна со околу 30.000: 26.193 во 2022/23, 30.333 во 2023/24, 29.036 во 2024/25 и 29.918 минатата сезона. Континуитет кој сега ризикува нагло да биде прекинат.
- Откако Жозе Мурињо одлучил дека за младиот талентиран центарфор Гонзало Гарсија нема место во екипата и нема да добива доволно минутажа, кралскиот клуб брзо му најде нова средина.
- Англиски Фулам плаќа 70 милиони евра за потписот на младиот 22-годишен Шпанец роден во Мадрид.
- Како што пишува Кадена КОПЕ, фудбалерот кој на 39 настапи постигна 8 гола од кои 6 во Ла Лига минатата сезона, набрзо ќе се пресели на „Крејвен Котиџ“.
- Реал Мадрид заработи повеќе од сто милиони евра од продажба на играчи од нивната академија. Нико Паз замина за 60 милиони евра, Виктор Муњоз за 20 милиони евра, Алваро Родригез за 12,5 милиони евра, Рафа Мартин за 15 милиони евра, Алекс Хименез за 12,5 милиони евра, Марио Мартин за 3,5 милиони евра и Фран Гарсија за 4 милиони евра. Вкупно околу 107,5 милиони евра заработка.