- Откако споразумно го раскина договорот со Веселин Вујовиќ, управата на црвено-црните реши од следната сезона да влезе со нов тренер на тимот. До тогаш, во втората полусезона екипата и натаму ќе ја води доскорешниот ракометар на Вардар и помошник на Вујовиќ, Владо Недановски.
- Словенецот Урош Зорман од стартот на новата сезона 2022/2023 ќе го води некогашниот европски шампион. Се очекува в.д. тренерот Недановски да ја изнесе сезоната до крај.
- Зорман долги години беше репрезентативец на Словенија и важен играч во РК Целје. Во 2017-та ја заврши богатата кариера и се реши да влезе во тренерски води.
- Мина една сезона како помошник на Душебаев во Кјелце, па се реши да тргне самостојно по тренерскиот пат и го презеде словенечкиот прволигаш Тимо Требње. Зорман веќе се договорил со луѓето од Вардар.
- Веројатно Словенецот ќе дојде со свои помошници и ќе направи селекција на ракометари и листа на нови засилувања.
- Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
- „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
- „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
- Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
- Македонскиот фудбалски талент Бленди Лачка го живее својот сон, откако доби можност да тренира со сениорскиот тим на Фенербахче со ѕвезди како Ромелу Лукаку, Н'Голо Канте, Нелсон Семедо, Милан Шкринијар и Едерсон.
- Младиот фудбалер, кој настапува за екипата до 19 години на турскиот гигант и е младински репрезентативец на Македонија.
- Лачка е производ на школата на Јанг Тим од Струга, каде што започнал да тренира уште на петгодишна возраст.