Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Разно
    • Кец у два
    • Навивачи
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Фудбал
  • Кошарка
  • Ракомет
  • Разно
  • Кец у два
  • Навивачи
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Репрезентативците добивале пораки на Инстаграм од „лажен“ Благоја Милевски

6 јули 2022
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • ФФМ информира дека некој од Инстаграм профил по име Благоја Милевски, веќе активно комуницира со фудбалерите.
  • Се работи за лажен профил од кој некој очигледно ја злоупотребува неговата функција.
  • Селекторот на македонската фудбалска репрезентација нема профили на Инстаграм и на останатите социјални мрежи.
извор

Макс Ферстапен во Формула 1 ќе заработува од 100-120 милиони евра

25 август 2026
  • Share
  • Post
  • Познатиот зналец за Формула 1, британскиот новинар Џо Сејвард пишува на својот блог дека еден од најдобрите пилоти во историјата на Ф1, младиот Макс Ферстапен со новиот договор со Ред Бул ќе заработува сигурни 100 милиони долари годишно, а со евентуални бонуси би можел да стигне до 120 милиони долари.
  • Договорот ќе важи до 2030-та година.
  • Претходно новинарот Марк Лимаше пишуваше дека според негови информации, Макс Ферстапен би можел да заработува до 115 милиони долари годишно во Ред Бул.
  • Како и да е, тој ќе биде еден до најплатените спортисти на сите времиња.
извор

Легендарниот Светислав Пешиќ предава во Скопје: За малку ќе заиграв за Работнички

24 август 2026
  • Share
  • Post
  • Големиот кошаркарски стратег, Светислав Пешиќ се приклучи кон одбележувањето на 80-годишнината од формирањето на Работнички, а во оваа прилика и откри дека малку фалело да го облече дресот на нашиот најтрофеен клуб.
  • „Малку требаше и малкумина знаат дека требаше да станам играч на Работнички. Во времето додека настапував за Пирот во Втора лига Исток, исто како и Работнички. Легендарниот Лазар Лечиќ ме повика во Скопје, ми покажа каде ќе живеам и ми вети дека сигурно ќе завршам Економски факултет. Секогаш се прашував зошто мене ме вика кога ги има најдобрите кошаркари на надворешните позиции. Можеби затоа се свртев кон Белград и заминав во Партизан“, открива Пешиќ.
  • Според неговата биографија станува збор за период од 1967 година кога легендарниот кошаркар и тренер се пресели од Пирот во Партизан. Во белградскиот клуб помина четири сезони, а потоа уште осум во Босна со која во 1979 година стана европски шампион и ја заврши кариерата.
  • Новинарот Живко Здравковски забележува дека големиот Кари Пешиќ е единствен селектор во историјата кој освоил европски и светски златни медали во младинските (со СФРЈ бил европски првак до 16 години и до 18 години, светски првак до 19 години) и сениорските категории на ФИБА (со СРЈ и Германија бил европски и со СРЈ бил светски првак).
  • Единствен селектор е во историјата на кошарката кој го освоил Евробаскетот со две различни репрезентации: со Германија во 1993-та година и со СР Југославија во 2001-та.
  • Единствен селектор е во историјата кој освоил злато на светските првенства и на јуниорско ниво (до 19 години во 1987 година во Бормио, Италија) и на сениорско ниво (во 2002 година, во Индијанаполис, САД). Со Србија освои олимписка бронза во 2024-та година и светско сребро во 2022.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Југославија се собра во Аталанта

Фудбал
2

После ваков коментар, дигаш раце од кариера

Балканштина
3

А вие за Гоце се чудите

Балканштина
4

Српски коментаторски таленти 4

Балканштина
5

Ибрахимовиќ за новата фризура на Халанд: „Избриши ми го бројот“

Фудбал
6

Кратко сефте за Артан Груби

7

Шефицата на АфД: Ќе го укинеме еврото, ќе ги затвориме границите и ќе излеземе од Шенген

8

Ако може вака, Скопје е веќе спремно

Балканштина
1

Југославија се собра во Аталанта

Фудбал
2

Ибрахимовиќ за новата фризура на Халанд: „Избриши ми го бројот“

Фудбал
3

Пристигнувањето на Елмас во Аталанта

Фудбал
4

Свирежи какви што Шпанија не памети уште од Фиго

Навивачи
5

Познато ви е интрово?

Фудбал
6

Џани ќе организира Светско со цел свет

7

Му ја направи годината, готово

Фудбал
8

Нова урнебесна епизода со робот

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Нестварни се Србиве

Разно

Охрид е најубав, ама и Австралија има за излегвење

Балканштина

Српски коментаторски таленти 4

Балканштина

А вие за Гоце се чудите

Балканштина

После ваков коментар, дигаш раце од кариера

Разно

Ројтерс за пожарите во Македонија

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Дечки, no future

Нова песна за татковината, за првачиња или понављачи

Гости

Чекање на шалтер, Тајланд верзија

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy