- Деветнаесет годишниот Џуд Белингем важи за најталентираниот млад фудбалер во Европа во моментов. Во Борусија Дортмунд дојде во јули 2020-та година како 15-годишен талент од англиски Бирмингем, а дебитираше во септември истата 2020-та.
- Дортмунд за него тогаш наводно платил околу 25 милиони фунти. Џуд Белингем веќе има 24 настапи за Англија што е права реткост за 19-годишен фудбалер.
- Тој е предводник на нова сјајна генерација, а Реал Мадрид наводно за него веќе договорил трансфер со германскиот бундеслигаш и сумата нема да биде под 100 милиони евра, пренесуваат британски медиуми.
- Пред утрешниот емотивен последен натпревар за Лионел Меси во неговата репрезентативна кариера, против Бенин на пријателска средба, да се потсетиме како изгледаше неговиот прв натпревар на Мундијал со „гаучосите“.
- На 16-ти јуни 2006-та година Аргентина ја совлада Србија и Црна Гора, тогашната заедница со 6-0. На тој натпревар Лионел Меси за првпат заигра на еден Мундијал. Во Берлин влезе во игра од клупата во 74' минута. Имаше 19 години. Набрзо му асистираше на Ернан Креспо за негов рекорден четврти гол на мечот а подоцна во 88-ма минута и самиот го даде последниот гол за дефинитивни 6-0. Ова беше втор натпревар на Аргентина на тоа Светско првенство 2006 а завршија први во група Ц.
- Кои играчи беа дел од тој натпревар за Аргентина и за Србија и Црна Гора?
- Италијанскиот стратег кој со голем успех ги водеше Јувентус и Челси каде освојуваше шампионски трофеи, беше уште и тренер на Тотенхем и Наполи. Тој добро ги познава околностите во големите премиерлигашки клубови. Во моментов е без ангажман откако на крајот од минатата сезона во мај/јуни во не баш најдобри односи си замина од Наполи.
- Во интервју за Атлетик зборувал на разни теми, а една е и огромната финансиска предност која островските клубови ја имаат во однос на остатокот од Европа.
- „Во Англија денес користите базуки, додека сите останати и натаму користат пиштоли“, сликовито го објаснува односот Конте на премиерлигашите со сите други лиги и додава: „Но мораме да бидеме внимателни и кога е во прашање начинот на кој тие пари се трошат. Затоа е важно да се носат прави проценки и да се има визија - зошто можете да ги имате сите пари на светот, но мора да знаете како да го потрошите паметно“.