- Четири возила и деветмина пожарникари синоќа го гаснеле пожарот што избил под трибините на стадионот во Тетово.
- Пожарот почнал откако најпрво се запалил дел од дуќаните под трибините. Повредени нема.
- На почеток пожарникарите биле доводени во опасност поради фрлање на струја.
- Новото раководство на КФМ го промовираше Марјан Илиевски за нов предводник на македонската кошаркарска репрезентација, кој доаѓа како наследник на Александар Јончевски.
- Илиевски беше тренер на Пелистер, Сигал Приштина, Блокотехна, АВ Охрид, Кожув и Лирија. Помошници ќе му бидат Боби Митев, Борче Даскаловски и Мирко Петрески.
- Прва задача му се претквалификациите за СП 2027 година, каде Македонија е во група со Унгарија и Романија, мечеви кои ќе се играат во август.
- Договорот е на четири години и тој е вкупно 15-ти селектор на македонската кошаркарска репрезентација.
- Европската куќа на ракометот го затвори скандалозниот случај кој АЕК Атина го предизвика против Алкалоид во реванш финалето од Европскиот Куп.
- Откако пред десетина дена го прогласи за шампион во ова натпреварување за сезоната 2024/25, ЕХФ го казни Алкалоид со 5.000 евра затоа што не обезбедил доволен број билети за гостинските навивачи, соодветно со капацитетот на салата.
- АЕК Атина доби две годишна суспензија во европските купови, како и парична казна од 20.000 евра, бидејќи го прекршил основното правило на ЕХФ, да не игра на закажан натпревар.